Градежна дозвола само за 15 дена

Bez autora
Apr 28 2013

Од први јуни ќе почне со работа електронскиот систем за издавање одобренија за градба. За министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, овој начин е многу поедноставен и потранспарентен во споредба со досегашниот, бидејќи дозволата за градба наместо за 45 дена, ќе се добива за 15 дена, доколку предметот е со комплетна документација. Македонија ќе биде прва држава во регионот која ќе издава одобренија по електронски пат, а граѓаните ќе добијат поедноставни и побрзи услуги. Со воведување на овој систем очекувам прогрес на Република Македонија во делот на одобренија за градења на листата на Светската банка. Министерот Јанакиески со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски ги презентираа софтверот и понудените решенија, пред претставници на градежни компании, раководители на секторот за урбанизам на поголемите општини и директори на јавните претпријатија.

Градежна дозвола само за 15 денаОд први јуни ќе почне со работа електронскиот систем за издавање одобренија за градба.

За министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, овој начин е многу поедноставен и потранспарентен во споредба со досегашниот, бидејќи дозволата за градба наместо за 45 дена, ќе се добива за 15 дена, доколку предметот е со комплетна документација.

- Македонија ќе биде прва држава во регионот која ќе издава одобренија по електронски пат, а граѓаните ќе добијат поедноставни и побрзи услуги. Со воведување на овој систем очекувам прогрес на Република Македонија во делот на одобренија за градења на листата на Светската банка - истакна Јанакиески.

Министерот Јанакиески со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски ги презентираа софтверот и понудените решенија, пред претставници на градежни компании, раководители на секторот за урбанизам на поголемите општини и директори на јавните претпријатија.

- Постапката опфаќа четири чекори, од доставување на барањето до издавање на одобрението за градење. Подготовка во рамки на која се доставува барање и заедно со потребните документи се внесува во системот, а доставените документи електронски се потпишуваат и се проследуваат до соодветната општина, или до Министерството за транспорт и врски - посочи Јанакиески.

Со новиот систем се овозможува и трето лице да може да поднесе барање во име на барателот на одобрението, а министерот очекува во наредниот период да има специјализирани компании за таа намена.

- Тој концепт веќе се применува во Сингапур, од каде се користени искуства при изработката на решенијата од софтверот - рече министерот.

Трајановски очекува со обуката на општинската администрација за примена на софтверот за издавање одобренија за градење во следниот период да опфати 1.000 лица. Тоа ќе бидат кадри од одделенијата за урбанизам, за финансии и од архива, но и од други целни групи кои ќе имаат потреба.

- Ова е уште една алатка со која општините го зголемуваат бројот на електронските уреди кон граѓаните. Таа ќе придонесе за повисок степен на ефикасност на општините при извршување на услугите и во обезбедување поголема транспарентност во реализацијата на постапката - појасни Трајановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik